Пикси, официјално нов фудбалски селектор на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот прославен српски фудбалер Драган Стојковиќ – Пикси е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Србија, официјално е соопштено денеска во Белград.

Договорот е постигнат. Стојковиќ е нов селектор на Србија – потврди попладнево заменикот претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС), Марко Пантелиќ.

Пантелиќ прецизираше дека преостанува да се „прецизираат уште неколку технички детали“.

Повеќе за тоа ќе зборуваме идната недела на промоцијата и конференцијата за новинари – најави заменикот претседател на ФСС.

Стојковиќ (55) доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на Србија.

Еден од најдобрите српски фудбалери и долгогодишен капитен на поранешната југословенска репрезентација, Пикси во кариерата со голем успех го носеше дресот на Раднички од Ниш, Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј, освојувајќи ја Лигата на шампиони со францускиот тим во 1993 година. Во тренерската кариера што ја започна во 2008 година, новиот српски селектор предводеше само две азиски екипи – јапонската Нагоја и кинескиот Гвангжу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This