March 28, 2024, 10:55 am

ПИСМОТО НЕ БИЛО ИСПРАТЕНО ОД МПЦ: Божидар Димитров тврди дека писмото го испратил струмичкиот архиепископ, не МПЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Божидар Димитров во интервју за бугарскиот портал ,,Информо’’ ги изрази своите ставови во однос на писмото испратено од МПЦ до БПЦ. Тој вели дека писмото не е испратено од МПЦ туку од неколку бугари, Милан Врабевски, Горан Благоев, академик Стефан Воденичаров и еден архиепископ од Струмица.

bozida

Според Димитров архиепископ од Струмица има пробугарски ставови и се школувал во Бугарија и поради тоа бил инспириран да го напише тоа писмо. Архиепископт од Струмица кој чие име Димитров не сакаше да го спомене е многу веројатно e Владиката Наум. Владиката Наум на јавноста и е познат како духовен татко на премиерот Заев и по своето бугарофилство.

Др. Милан Врабевски кој Димитров истотака го спомена во мај годинава заедно со претседателот Росен Плевнелиев и европратеникот Адреј Ковачев беа во Албанија каде се обидуваа да ги булгаризираат македонците од Албанија. Да се потсетиме дека само пред неколку месеци албанската држава го призна бугарското малцинство во Албанија за да се спречи блокада од Бугарија за влез на Албанија во Европската Унија.

За крај на оваа тема Димитров истакна дека доколку македонската црква сака да биде признаена и сака легитимност треба да се присоедини кон бугарската црква.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This