Писмо од Македонец-Ром од Гостивар: „Со федерализацијата на Заев губиме ние, останатите етнички заедници!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментар од Амдуш Демири, Ром од Гостивар. За Пулс24 тој објаснува зошто е против федерализацијата на Заев и како неговиот план за редефинирање на Уставот се одразува врз другите етнички групи кои живеат во Македонија.

Почитувани, се трудам на некои луѓе да им објаснам што точно значи редефинирање на Уставот, што точно значи двојазичноста, федерализација и се она што Црпко Муртински пропагираше на оваа кампања.

Пред да објаснам што точно значи редифинирање на Уставот (промена на Уставот) и двојазичност, да ве инфорнирам дека не сум правник, ниту сум стручњак по уставно право, но посакав да дознаам да научам и од читање научив нешто,ако нешто погрешам, ќе ги молам стручните за оваа тематика да не корегираат и да ми простат ако погрешам.

Па вака, Заев неколку пати најави редифинирање на Уставот и двојазичност на целата територија на Република Македонија: Со тоа ние Ромите, Турците, Србите, Бошњаците и други губиме секакво право на користење на Мајчиниот јазик, дури оние малку паралелки кои учат на Ромски, Турски, Српски, Бошњачки и други јазици ке ги снема,а нашите деца ќе бидат приморани да се едуцираат на македонски или албански јазик. Со тоа огромна е можноста нашите деца да го заборават мајчиниот јазик и да зборуваат само македонски или албански. Ако нема јазик не може да има ни народ. Сите ние Роми, Турци, Срби, Бошњаци и други нема да постоиме, ќе не снема, нашите деца ќе се регистрираат како Македонци и Албанци, е тука јас не гледам демократија, не гледам рамноправност, но гледам модерна диктатура и асимилација.

Со редифинирање на Уставот или промена на Уставот како и редифинирање на Охридскиот рамковен договор ние Ромите, Турците, Србите, Бошњаците ги губиме сите бенифити (како вработувањата по рамковен договор) што ги стекнавме со Охридскиот рамковен договор, а со редифинирање на Уставот не бришат од Преамбулата и нема да постоиме како уставотворен народ, и тука не гледам демократија. Нема рамноправност. Тогаш во Македонија ќе постојат и ќе функционираат само два народа, Македонци и Албанци, а сите други ќе бидат робови и ке им служат на Македонците и Албанците се додека не го сменат својот идентитет во Македонец или Албанец. И сега, каде е демократијата и рамноправноста….

Со овој мој текст или колумна само сакам да ги предупредам Ромите, Турците, Србите, Бошњаците и други етникуми кои живеат во Република Македонија, а најмногу ве предупредувам вас МАКЕДОНЦИТЕ, кога ние помалите етникуми ќе ви робуваме вам на Македонците и Албанците и кога ќе мораме да менуваме идентитети за да бидеме интегрирани и прифатени и да се ослободиме од ропството, знаци по теркот на модерна асимилација ке не асимилирате,тогаш следува и поделба на Република Македонија….

Од мене толку, од Господ повеќе.

Пишува Амдуш Демири, Македонец-Ром од Гостивар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This