April 20, 2024, 11:05 am

ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОЧЕТОК НА ПРОПАСТА НА СОРОС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со изборот на Доналд Трамп како претседател на САД и „Брегзит” во Велика Британија, почнува да се појавува модел според кој Џорџ Сорос и неговите организации почнуваат да тонат, пишува порталот “Philosophy of Metrics”.

soros-trump

Во текстот кој го потпишува Џеј Си Колинс, се вели дека конкретни докази за ова тврдење е тешко да се најдат поради самата природа на таквите операции, но дека постојат голем број на споредни докази.

Во текстот се споменува дека „Западот водел пуч кој ја урнал демократски избраната влада во Украина”, во што бил вмешан Сорос, за Владимир Путин да биде спречен да има контрола на протокот на природен гас во Европа.

Авторот споменува дека по пучот во Украина, синот на Џо Бајден седнал на чело на компанијата за природен гас во источна Украина. „Семејството Бајден има претставници во американскиот естаблишмент и му служи на интересите на Сорос”.

-Сорос исто така бил директно вклучен во обидот за рушење на режимот на Башар Ал Асад во Сирија. Постојат многу причини за тоа. Сирија е во склад со Русија, непријател на Сорос. Но Асад исто така претставува и проблем за бизнис интересите на Сорос и Клинтон, заедно со другите во американскиот естаблишмент, пишува авторот.

Тој објаснува дека главен проблем е природниот гасовод кој требало да го поврзе Катар со Европа, патувајќи преку Саудиска Арабија, Сирија и Турција. Наводно во овој гасовод вложило семејството Клинтон и други луѓе од американскиот естаблишмент, а проблем настанал кога Асад одбил гасоводот да минува преку неговата земја.

Планот на Сорос и американскиот естаблишмент бил преку овој гасовод да ја чува Европа од влез во Евроазиска унија, која е сè поважна во глобалните рамки на управување.

-Џорџ Сорос исто така бил инструмент во манипулацијата на западната политика кон Русија и Кина воопшто. Групирањето на НАТО на границата со Русија се одвива во исто време со обидот за државен удар во Турција и Украина, покрај војната во Сирија. Сега почнуваат да се појавуваат докази дека Клинтон и Сорос биле вклучени во обидот за државен удар во Турција, вели авторот и додава дека обидите на Ердоган да ги затопли односите со Русија сериозно му пречат на интересите на Сорос.

Авторот вели дека “Брегзит” бил прв очигледен потег против Џорџ Сорос и неговиот американски естаблишмент.

-Ова е следено со изборот на Доналд Трамп. Платформата на Трамп претставува директен напад на организацијата и стратегијата на Џорџ Сорос. Покрај „Брегит“, политиката на Трамп ќе биде намалување и сопирање на миграцијата од држави кои го финансираат тероризмот. Може да се претпостави дека тоа се држави во сојуз со Сорос, пишува тој.

-Трамп исто така отворено изјавил дека ќе биде подготвен да работи со Русија и да ја уништи Исламската држава, враќајќи ја стабилноста на Блискиот исток. Мојата проценка е дека тоа вклучува намалување на влијанието на Саудиска Арабија и воспоставување на посилен Израел, пишува Колинс и додава дека Фондот за отворено општество и повеќето зависни организации, сега се отворено против израелските операции.

-Антиизраелските акции на Сорос се во директен судир со поддршката која Трамп вели дека ќе му ја даде на Израел”, заклучува авторот и додава дека заедничкиот напор на Трамп и Путин за мир на Блискиот исток би биле голема загуба за Сорос. Трамп ќе разгледува и алтернативи на НАТО. Русија го повикала Трамп да ги отстрани НАТО трупите од нејзините граници.

-Ова веројатно ќе се случи и ќе има заеднички воени акции во Сирија и ширум Блискиот исток”, вели Колинс и додава дека очигледно силна Евроазиска унија претставува удар за американскиот естаблишмент и Сорос.

-Станува јасно дека на Сорос и оние кои ги користеле двете политички партии им снемува места за криење, смета тој.

-Обидите на Сорос да ја смени одлуката на изборите во САД ќе пропаднат како што пропаднаа и неговите напори да монтира и манипулира со работи во врвот на власта се до изборите. Би требало да биде јасно дека овој отпор на Сорос и естаблишментот не е само моќта на народот. Постои моќ од овие опозиции и ново чувство на национализам кое ќе ги придвижи масите. Сорос се обидува да води свои маси. Две маси кои се противат едни на други би можеле да значат граѓанска војна. Но, не мислам дека ќе се случи тоа. Силите веќе работат да се отстрани Сорос и неговата мрежа на организации и фондации и од надвор и од внатре”, пишува Колинс.

Авторот заклучува дека големата војна помеѓу два големи светски играчи е избегната, но дека ризикот од помали војни останува.

-Шаховската игра не е завршена, а би можело да има жртви на двете страни, заклучува авторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This