ПОВТОРНО ИСЧЕЗНА ШТИТЕНИЧКА ОД ДОМ: Мила Царовска нема намера да превземе било какви мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ преводена од Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила царовска, продолжуваат со политиката на лаги. Тие ветуваа живот за сите, но наместо тоа тие ги заборавија сите.

Лошата политика или немањето на политика и преземање на мерки за штитениците од домовите се потврдува од ден на ден.

МВР денес информираше дека вчера попладнето во полициската станица Македонски Брод, пријавено е дека од домот исчезнало лице на 21 годишна возраст. Станува збор за штитеничка на Меѓуопштински центар за социјални работи-Македонски Брод.

Кон крајот на март беше пријавено дека исчезнала малолетничка од домот „Ранка Милановиќ“. Таа и претходно бегала од институцијата. И ни помалку ни повеќе ова го потврди министерката за труд и социјална политика, Царовска.

За исчезнати штитеници на државата во последно време се почесто се информира во полициските билтени. Пријавувањето во МВР, изјави неодамна Царовска, е начин побргу да се најдат додека да почне процесот на деинституционализација на домовите.

-Тогаш можеме да кажеме дека сме добиле подобро ниво на заштита. Сега она што правиме е да се почитуваат протоколите кога лицето исчезнува да пријавиме во МВР побргу да го врати назад, изјави Царовска во март.

Инаку неодамна полицијата среде ноќ на скопските улици најде малолетник од домот „25-то Мај“ кој шест месеци се водел за исчезнат. Од истиот дом 13-годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале бремени.

Скандалите околу поправните домови и домовите за деца без родители не стивнуваат, надлежните молчат, а за наредниот период не се предвидени никакви системски решенија за оваа ранлива категорија на лица. Ниту директорите на домовите, ниту пак министерката за труд и социјална политика Царовска, не превземаат одговорност за катастрофалната состојба во домовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This