March 29, 2024, 10:30 am

ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА А1 ТЕЛЕВИЗИЈА?: Наскоро се очекува да започне со емитување на програма во етерот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По девет години од згacнувањето на телевизија А1ТВ чиј сопственик беше Велија Рамковски, таа наскоро повторно ќе се отвори, дознава „Скопје 1“.

Позади телевизијата ќе стои повторно истиот сопственик, а според неофицијални информации, во реобновувањето на А1 ТВ ќе учествуваат и други лица. Информацијата засега не е официјално потврдена.

Првиот сигнал А1 телевизија го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби во 1997 година. А1 Телевизија пред нејзиното затвopање беше највлијателната телевизија во Република Македонија. По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 30 јули 2011 година поради одлука на Агенцијата за електронски комуникации. Директорот на АЕК донесе решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејке компанијата А1- телевизија ДОООЕЛ- Скопје имала отворено стечajна постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This