March 28, 2024, 11:08 am

ПОЛИЦАЦЕЦ ОД РЕСЕН МОРАЛ ДА ГО ИСКОРИСТИ ОРУЖЈЕТО: Татко и син нападнале полицаец во Ресен кој вршел увид на сообраќајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 28.04.2018 година околу 23,50 часот во Ресен на улицата „Борис Кидрич“, неколку полициски службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и Б.М.(18) од Ресен. На местото на настанот дошол З.М.(41) татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници.

Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад. Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен.

Известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This