ПОЛИЦИСКА ОПСАДА ВО НОВО СЕЛО: Десетина полициски возила, инспектори во цивил на чело со началникот Танчо Пројковски заплашуваат граѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани на општина Ново Село, во моментот во нашата општина се случува невидена опсада од страна на полициски инспектори во цивил, придружувани од униформирани службеници на МВР, на чело со началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски – вели кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Од 19:00 часот со логистичка поддршка од приватни возила на активисти на СДСМ од Ново Село МВР врши притисок врз активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои се запирани, легитимирани и без потреба вршен претрес на нивните возила.

Во присусвство на еден од активистите на ВМРО-ДПМНЕ од Ново Село од страна на цивилен инспектор на СВР Струмица беше издадено усна наредба за одземање на мојот мобилен апарат, а до униформираните полициски службеници беше издадено наредба за вршење претрес на моето приватно возило.

Полициските возила инволвирани во хајката се: необележана црвена Шкода октавија со регистерски таблички SR 887 BR во која се наоѓаа двајца инспектори во цивил, необележана црвена Шкода Октавија со регистарски таблички – SR 889 BR која беше управувана од началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, обележано полициско возило Шкода Јети со регистерски таблички 280 260 во кое се наоѓаа двајца униформирани полициски службеници, обележано полициско возило Шкода Јети со регистерски таблички 280 055 во кое се наоѓаа двајца униформирани полициски службеници.

За овие настани телефонски е пријавено до МВР, а во текот на утрешниот ден ќе бидат известени ОБСЕ и сите останати релевантни меѓународни организации.

Прашуваме, на што се должи оваа полициската активност во нашата општина која важи за една од најмирните во Република Македонија? Што бара токму началникот на СВР Струмица и неговиот заменик во Ново Село?

Дали МВР ќе продолжи со нивните активности за заплашување на нашите активисти и дали ќе остават изборниот процес да тече мирно?

Почитувани граѓани, наместо МВР да биде фактор на безбедност во нашата држава и да ги решава конфликтите доколку тие се појават, тие претставуваат инструмент за создавање тензии и во служба на штабовите на СДСМ.

Сето ова ќе заврши во недела а СДСМ повторно ќе ги загуби изборите, преку овие информации и видео материјали кои ги имаме обезбедено, граѓаните ќе имаат можност да го вида грдото лице на животот што СДСМ го донесе во Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This