ПОЛИЦИЈАТА ГИ ШТИТИ ОД СОПСТВЕНИТЕ ЧЛЕНОВИ: Членови на СДСМ се закануваат дека ќе упаднат во Бихаќка?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извори од СДСМ деновиве партијата ќе бара засилено полициско обезбедување во цивил, но не да ги штити од гневни граѓани и вмровци, туку од сопствените членови.

Како што се зборува во текот на вчерашниот и денешниот ден стотина активисти и членови на СДСМ се јавувале и испраќале пораки до централата за да пренесат личен револт и револт на други членови од општинските организации. Неколку општински организации од источна и централна Македонија посочиле дека им е срам да се појават на улица после вчерашната одлука на Собранието на Република Македонија, кога во крајно недемократска и срамна постапка ббеше донесен законот за употреба на јазиците.

Како да ги погледнам соседите што до вчера ги убедував дека нема никаква двојазичност и дека се е измислено од вмровците и Груевски за да се спасат од апсење.

„Ако јас немам мир заради одлуките на мојата партија, тогаш тие ќе ги сносат последиците за пазарењата кои се прават на сметка на Македонија.“

„Да ти се плукнам на власта што ја имаме ако треба глава да веднам пред моите сограѓани“, се дел од пораките кои биле упатувани до централата на Бихаќка.

Од нашите извори во СДСМ велат дека во дел од пораките членовите барале претседателот Заев да се појави сега во општинските организации и да објасни до каде ќе оди ваквата политика на партијата која себе се нарекуваше дрѓавотворна.

Очигледно ваквите пораки биле сфатени како закани, па било побарано засилено обезбедување на партиското седиште како од надвор, така и внатре од незадоволните членови на СДСМ.

Претходно, пратеникот на СДСМ Ферид Мухиќ изјави дека со колегите се договориле да не излегуваат од дома, а во телефонска изјава за Инфомакс портпаролот на МВР Тони Ангеловски потврди дека е засилено полициското присуство пред седиштето на владеачката партија и пред домовите на пратениците.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This