Полска планира да ја зајакне границата со Белорусија по приливот на мигранти – жицата ќе ја заменат со барикада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полска планира трајно да ја зајакне границата со Белорусија по зголемениот прилив на мигранти од овој свој сосед, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински, јави ДПА.

Полските војници во август годинава почнаа со изградба на ограда со височина од 2,5 метри долж границата со Белорусија, откако се поголем број луѓе почнаа да се обидуваат илегално да влезат во земјата на ЕУ преку оваа авторитарна земја.

Министерот Камински синоќа соопшти дека граничната одбрана мора дополнително да се зајакне со кревање „цврста, висока бариера опремена со систем за надзор и детектори за движење”, пренесе ДПА.

Полската Влада намерно избегна изградбата на оваа „бариера” или „барикада” да ја нарече со нејзиното вистинско име – „ѕид”.

Планот е веќе договорен од владата и сега оди на одобрување во парламентот.

Владејачката десничарска партија „Право и правда” нема мнозинство во парламентот, но се верува дека мнозинството пратеници ја поддржуваат мерката за граница.

За овој проект е наменет буџет во износ од 423 милиони долари, а изградбата на ѕидот ќе го надгледува полската Погранична служба.

Варшава го обвинува белорускиот лидер Александар Лукашенко дека организирано ги носи бегалците од кризните региони до надворешната граница на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This