Помпео во посета на Полска, потпишан договор за вoeна соработка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот министер за одбрaна Мариуш Блашчак денеска во Варшава потпишаа договор за одбрaнбена соработка, кој поставува правна рамка за поголемо присуство на американски вojници и го отвора патот за нивно пренесување од Германија во Полска.

– Ова ја зголемува гаранцијата: гаранција дека во случај на зakана, нашите вojници ќе застанат рамо до рамо. Исто така (договорот) ќе послужи за зголемување на безбедноста на другите земји во овој дел на Европа, рече полскиот претседател Анджеј Дуда.

Договорот ќе ги продлабочи и другите аспекти на американско-полската соработка, пред се на полето на инвестициите и трговијата.

Тој го надополнува постојниот договор за статусот на силите на НАТО и овозможува зајакнување и модернизација на постојните капацитети и објекти, така што американските сили ќе имаат пристап до дополнителни полски вoeни инсталации.

Прецизирана е и поделба на логистиката и инфраструктурните трошоци за зголемено присуство на САД во земјата.

Околу 4.500 американски вojници во моментот се стационирани во Полска, а уште 1.000 ќе пристигнат, според билатералниот договор од минатата година.

Неодамна, Пентагон, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на бројот на трупите во Германија, објави дека од Германија ќе се повлечат 12.000 вojници, од кои 5.600 ќе бидат префрлени во други европски земји, вклучително и Полска.

Со посета на Полска, Помпеоја завршува повеќедневна турнеја на четири европски земји, за време на која ги прeдупреди за зakaната од Русија и Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This