Популацијата на слонови во Кенија конечно со позитивен раст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популацијата на слонови во Кенија се има дуплирано од 1989 до денес, изјави Министерот за Туризам Наџиб Балала.

На светскиот ден за заштита на слонови, Кениското здрузение за заштита на слонови одржа настан за да се прослави зголемувањето на бројот на слонови во Кенија.

„Властите успеаа да го намалат ловокрадството, големиот труд за да се намали ловот на слонови помогна во дуплирање на нивната бројка во последниве три децении.Имавме само 16,000 слонови во Кенија во 1989 година но до 2018 година тие бројат повеќе од 34,000, “ изјави директорот на националниот сервис за дивиот свет на Кенија; Џон Ваверу.

„Во минативе неколку години успеавме да го намалиме ловокрадството“ додаде тој.

За време на настанот министерот Балала помогна во бележење на еден мажјак и даде име на две новородени слончиња.

„Денес исто ја лансираме кампањата за именување на слонови, преку кои ке се собираат средства за да се издржуваат Ренџерите кои ги чуваат слоновите.Само оваа година, имаме 170 новороденчиња.“ Додаде Балала.

Бројот на ловени слонови во Кенија во 2020 година е значително намален од претходните години – само седум годинава, во споредба со 34 во 2019 година и 80 во 2018 година.

Но сепак, во Африка како целина бројките кажуваат потрагична приказна.Ловокрадството има ужасен удар на слоновската популација во текот на годините.Африка беше дом на 1,3 милиони слонови, а бројката денес едвај достигнува 500,000.Се проценува дека помалку од 30,000 слонови денес живеат во природата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This