ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ПРИЛИВ НА МИГPAНТИ: Словенија распореди полиција на границата со Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенија распореди повеќе од илјада полицајци на границата со Хрватска, заради зголемениот прилив на илeгални мигранти, кои минуваат преку таканаречената Балканска рута.

Во последните две недели е забележан зголемен број на илeгални мигранти преку балканската рута, изјави заменик-началникот на полицијата, Јоже Сеница.

Полицијата ќе го интензивира надзорот врз делови од границата под надлежност на полициските администрации на Љубљана, Ново место и Копер, кои инаку се најизложени на нелегални премини.

Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги искористи сите расположиви технички средства и, како и досега, ќе им помогнат припадниците на армијата, изјави Сеница.

Говорејќи за нелегалната миграција, премиерот Јанез Јанша вчера вечер објави дека неговата влада ќе воведе построга политика кон илегалните мигранти по одлуката на Европскиот суд дека нема колективно право на азил.

Тој на таков начин ја доведе во прашање одлуката на поранешната влада за пристапување на Словенија во т.н. Договор од Маракеш.

„Некои работи се многу полесни откако Европскиот суд за човекови права усвои поинакво толкување на правото на азил отколку нашите словенечки судови“, рече Јанша.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This