ПОРАДИ НИСКИТЕ ПЛАТИ: Нема кој да ја контpoлира ОТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да се објавува нов оглас за втор технички експерт за постојана поддршка во Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, се додека не биде потпишан договор за консултантски услуги со првиот веќе избран експерт, заклучија на денешната седница членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Претседателот на Комисијата Емил Димитриев информираше дека на веќе објавениот оглас за втор експерт не се пријавил никој затоа што, рече, дecтимулирачки влијаел фактот што се уште не е ангажиран и првоизбраниот експерт поради спорот околу утврдувањето на неговиот надомecток.

За да се надмине овој спор предложено е законски да се регулира односно во веќе изгласаниот Закон за следење на комуникациите да се прецизира дека експертите ќе добиваат надоместок од една просечна плата, за разлика од членовите на Граѓанскиот совет чиј надоместок е две просечни плати во државата. Како што беше речено на денешната седница овие предлози не биле прифатени од страна на МВР со образложение дека Граѓанскиот совет е тој што треба да даде мислење и по ова прашање. Според членовите на собраниската комисија не е логично тие да добиваат задачи од страна на граѓанскиот совет, туку треба да самостојно да работат. Во таа насока, Димитриев меѓу другото посочи дека Граѓанскиот совет располага со девет милиони денари годишен буџет.

Претседателот на комисијата Димитриев е оптимист дека оваа точка набргу ќе биде ставена на деневниот ред на собраниската Законодавно – правна комисија, законот ќе биде донесен и со тоа ќе се деблокира ангажманот на техничките експерти.

На седницата беше усвоен и Извештајот за извршениот надзор во Оперативно техничката агенција – Скопје, во присуство на директорот Зоран Ангеловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This