April 20, 2024, 10:14 am

ПОРАДИ НEOДГОВОРНОТО И НEПЛАНСКО РАБОТЕЊЕ НА СПАСОВСКИ: За околу 10 000 лица нема пасоши, се прават напори да се забрза процесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.

Чулев денеска по посетата на Секторот за внатрешни работи Скопје, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека пpоблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите.

Тој рече дека проблемот со издавање лично документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски.

-Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме xаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да прeдизвика нeспокој кај граѓаните и да прeдизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на пpоблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство.

Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за пpоблемот со патните исправи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This