March 29, 2024, 12:35 am

ПОРАДИ ОВА СОРОС И ЕСТАБЛИШМЕНТОТ НЕ ГО САКААТ ТРАМП: Отсега САД нема да се наметнува на другите нации, ќе бараме сојузници но не насилно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во неговиот прв говор како Претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе ја возобнови земјата, и ќе го определи курсот по кој ќе се движи целиот свет. САД повторно ја враќа власта од Вашингтон назад во рацете на Американскиот народ, вети Трамп

tramp_zakletva2

„Ја враќаме власта од Вашингтон, и ви ја даваме вам, народот“, рече Трамп.

САД потроши трилиони долари надвор од земјата, додека нашата сопствена инфраструктура пропаѓаше, рече Трамп. Богатството на средната класа на САД беше украдено од нивните домови и редистрибуирано насекаде низ светот, додаде тој. САД мора да се заштити себеси од другите земји кои ги земаат американските работни места, заклучи новиот претседател на САД.

„Сега сме сплотени во голем национален напор одново да ја изградиме земјата. Заедно ние ќе го определиме курсот на Америка и светот во наредните години. Од сега натаму, секогаш ќе биде Америка на првото место!“ прокламираше Трамп. „Јас ќе се борам за вас со секој здив во моето тело и никогаш нема да ве разочарам. Ќе ги вратиме нашите соништа.“

Трамп рече дека САД нема да бара да го наметнува сопствениот начин на живот врз друите нации, но ќе биде пример за тоа како треба.

„Не бараме да го наметнеме нашиот начин на живот врз никого“, рече Трамп. „Наместо тоа, ќе оставиме да свети како пример. Ќе блескаме за сите да не следат“.

Трамп се заколна да го обедини светот против радикалниот ислам: „Ние ќе ги зајакнеме нашите стари сојузи и ќе формираме нови – ќе го обединиме цивилизираниот свет против радикалниот Исламски тероризам, кој ќе го збришеме од лицето на Земјата. Победата над ИСИС и друи радикални Исламистички терористички групи ќе бидат нашиот најголем приоритет“, се вели во планот на Трам. „Да ги победиме и уништиме тие групи, ние ќе бараме агресивни заеднички воени коалиции и операции кога тоа ќе биде потребно.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This