March 29, 2024, 12:49 pm

ПОРАДИ KOPOHAВИРУCOT: Германија забpaни извоз на заштитни маски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија го забрани извозот на медицинска заштитна опрема за да се спречи кусокот од вакви материјали и да се обезбедат навремени испораки во болниците и ординациите, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска официјални лица.ж

Одлуката ја донесе владината работна група за епидемија од коронавирусот, а забраната за извоз стапи на сила веднаш, изјави портпаролот на Министерството за економија, пренесува хрватски „Индекс“.

Забраната за извоз се однесува на сите видови на медицинска заштитна опрема, вклучувајќи заштитни маски, медицински раквици и заштитна облека, соопшти Министерството за здравство.

Исклучоци се можни само под строги услови – истакнаа здравствените власти.

Германија досега регистрираше 240 случаи на инфекција со коронавирус, која се појави кон крајот на минатата година во Кина, и оттогаш се рашири низ целиот свет, предизвикувајќи смрт на скоро 3.200 луѓе. Засега не се пријавени смртни случаи поврзани со инфекција од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This