March 28, 2024, 11:15 am

Поскапе животот: Од 2020 наваму поскапа храна, поскапи лекови, отпуштања од работа, намалени плати….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека годишната стапка на инфлација од јуни 2020 година наваму расте.

-Поскап живот! Годишната стапка на инфлација од јуни 2020 година наваму расте!
Во декември 2020 година е 2,3%. Тоа значи дека трошоците на живот во декември 2020 година се повисоки за 2,3% во однос на декември 2019 година.

Зошто имаме инфлација?

Имаме поскапа храна (особено масла и масти, зеленчук и овошје), повисоки трошоци за домување (заради растот на цената на струјата), поскапи цигари, повиски трошоци за фармацевски производи и медицински услуги, повиски трошоци за туристички аранжмани, повисоки трошоци на услуги за сместување. Раст на трошоците има и кај производите за домаќинство (нетрајни) и на трошоците за високо образование.

Една четвртина од инфлацијата е заради растот на цената на струјата!

Во услови на длабока рецесија, отпуштања од работа, намалени плати, намалени приватни трансфери од странство, со еден збор намален доход на населението, Владата на Зоран Заев го поскапе животот! Цената на електричната енергија се пренесе и врз цените на другите производи и услуги. Ова трајно поскапување на струјата зар ќе се покрие само со еднократна помош од 6.000 денари за одредени категории на граѓани?

Животот за нив генерално го поскапи оваа Влада. Кого лаже и замајува Зоран Заев!

И за крај која просечна плата расте? Она која се заснова на изгубени нископлатени работни места. Над 50.000 луѓе останаа без работа ама во математиката за просечна плата ги нема, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This