April 20, 2024, 12:44 am

ПОСЛЕ ПРОМЕНА НА ИМЕ ПРВ ПАТ, ПРОМЕНА НА ЗНАМЕ, BOJHA, ТЕРИТОРИЈАЛНА РАСПРЕДЕЛБА, ПРОМЕНА НА ИМЕ ВТОР ПАТ И ПAHДЕМИЈА: Македонија конечно во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После промена на име прв пат, промена на знаме, вопјна, територијална распределба, промена на име втор пат и пандемија, Македонија конечно во НАТО. Вредеше?!

За денеска е закажана специјалната пленарна седница на шпанскиот Сенат на кој ќе се гласа за ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по што земјата наскоро ќе стане официјална членка на Алијансата.

Сенаторите ќе гласаат конференциски за Македонија да станe полноправна НАТО членка и за прв пат во историјата тоа ќе биде овозможено преку систем на електронско гласање преку компјутерска мрежа. Тие ќе гласаат од дома и нема да бидат физички присутни во Сенатот.

Македонија ќе биде единствена точка на дневен ред, а Сенататот поради ситуацијата со корона вирусот е затворен веќе една недела. Ваквиот потег следува со цел да не се губи дополнително време за официјалниот прием на земјата во НАТО.

Со оваа ратификација завршува процедурата за македонското членство во Алијансата, а церемонијата на која ќе се одбележи полноправното членство ќе биде на почетокот на април, иако не се очекуваат свечености и собири поради новонастанатата ситуација со пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This