Потпретседателот на СДСМ со нови навpeди за ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Гладна кокошка просо сонува“, напиша вчера потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот профил на Фејсбук.

Овој негов коментар, според некои од познавачите на политичките прилики, се однесува на објавата на весникот на албански јазик Коха дека „СДСМ, ДУИ и ДПА постигнале договор за парламентарно мнозинство, кој предвидува во првите три години премиерот да е од СДСМ, а во четвртата година премиер-Албанец.

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени. Весникот KOХA дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, додека и Мендух Тачи ќе биде дел од Владата. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за KOХA дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната Влада на јавна средба.

KOХA исто така дознава дека е постигнат договор за Премиерот, за СДСМ ќе бидат 3 години со 1 година за ДУИ. Останува само време да разговараме за која партија ќе го има премиерот во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот КОХА.

Висок функционер на СДСМ за порталот „360 степени“ изјавил дека партијата е против концептот за ротичарки премиер и додава дека разговорите за формирање на ново мнозинство ќе започнат по 4 август, кога партискиот лидер Зоран Заев ќе се врати од одмор.

Десната рака на Заев, Мухамед Зекири, по ова излезе со провокативната порака дека „Гладна кокошка просо сонува“ со што испрати порака до Али Ахмети.

Зекири, никогаш не го криел нетрпението кон ДУИ и јавно изјавувал пораки кои се навреда и провокација. На пример, Зекири има изјавено дека ДУИ е канцерот на македонското општество, дека партијата на Ахмети зарива нож во грб, како и дека тој посакува коалиција за Влада без ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This