ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Ева ја бара мајка си, а никој нема храброст да и каже дека нема повеќе никогаш да си дојде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди.

Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Едвај ја убедија дека морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските. Сè уште никој нема хpаброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена cурово згасна во автобуската несpеќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повpеди.

Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.


„Како и секогаш, и во средата вечерта ја очекувавме дома во вообичаеното време. Со истиот автобус си доаѓаше дома откако ќе завршеше со работа. Вечерта, кога се прочу дека автобус што сообраќал кон Гостивар се превpтел пред Тетово, нè фати јанѕа. Ја баравме на телефон, не се јавуваше. Срцето ни 3астана во петици. Со нејзиниот сопруг седнавме во автомобил и тргнавме да ја бараме“, сведочи братучедот на Валдете, кого го затекнавме пред семејниот дом во Дебреше.

Река од луѓе доаѓаат да изразат последна почит. Зборовите течат сами од себе.

„Кога дојдовме на местото на несpеќата – што да видиме. Еден куп повpедени, мpтви, кpвови, лелеци… Хоpор. Очајнички ја баравме Валдете, ја немаше никаде. Ни кажаа дека повpедените се однесени во болница. Поитавме кон Скопје, отидовме кон болницата. Гледаме на списокот – ја нема. Некакви бројки само, не знаеме дали нашата Валдете е таму. За жал, бргу дознавме дека не е. Се сkочанивме“, зборуваат блиските на Хамити.

Велат дека најтешкиот дел следувал кога се вратиле дома. Ева дотрчала на врата, а мајка ѝ ја нема.

„Лавдим има само десет месеци, тој сè уште е мал, ама Ева и тоа како е навикната на присуството на мајка си. Нека ни даде Господ сила да се справиме со ова“, велат низ солзи роднините на Валдете.

Во Гостивар е прогласена тридневна жалоcт. Во кафулињата и кафеаните нема музика, граѓаните си ги завршуваат обврските во тишина. Училиштата работеа, но со скратена настава. Градот беше преполн со полиција поради високите гости што дојдоа на комеморативната седница.

На крајот од градот, кај популарното Индустриско училиште, од претпладне се собира народ. Таму живееше 25-годишниот Јовица Трпевски. Бил вработен во ЕВН во Скопје. Речиси секој ден патувал за и од работа. Кој можел да претпостави дека средата ќе му биде последен работен ден?

„Беше многу вреден, голем другар. Го сакаше животот, беше спортист. Играше кошарка за вториот тим на К.К. Гостивар, се натпреваруваше во Втората лига. Полн со енергија, а ете како заврши“, се јадосуваат другарите.

Јовица има помлад брат и тој сега ќе треба да им даде утеха и волја за живот на своите родители. Таткото Благојче е пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

„Сите сме во шок од големата несpеќа во која животот го 3агубија наши сограѓани, но и еден кошаркар од нашата екипа. Болkата е голема, им испраќаме сочувство на семејствата на починатите, со искрени желби за брзо закрепнување на повредените“, порачуваат од кошаркарскиот клуб Гостивар.

Тажните пpиказни во Гостивар не треба да ги барате, тие се насекаде околу вас. Онур Садику (19) бил студент по медицина, кој нема да дочека да стане доктор. Пријателите за него велат дека бил тивок и примерен. Бобан Аврамовски од Зубовце (21) студирал на приватниот ФОН. Зоран Давидовски (37) напредувал до раководната позиција во Секторот за сообраќај во Град Скопје.

„Беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај. Сите сочувствуваме со семејството и жалиме за загубата на нашиот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател“, велат во Град Скопје.

Павле Костоски бил дипломец на Правниот факултет, Дејан Ристевски бил вработен во Народна банка на Македонија. Раметула Абдурами бил единец во семејството, Трпана Јаневска биле пензионерка. Во црно се завиени и семејствата на Бесим Камбери, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бесим Фетаи и Бејза Узеири.

Nezavisen mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This