ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА СЕ ПОСКАПА: Минималната плата никако да мрдне!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата на 13.800,00 денари, со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

-ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Од ССМ посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, како и дека со Првомајскиот проглас кој го доставиле до Владата и Министерството за труд и социјална политика бара зголемување на Минималната плата на 13.800,00 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетуваат работодавачите дека со измените на kpивичниот законик, додадени се нови ставови 2 и 3 кои предвидуваат дека тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одерден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со kaзна затвоp од три месеци до една година, како и дека со таква kaзна ќе се kaзни работодавачот кој на работникот ќе му врачи отkаз поради тоа што го пpијавил работодавачот или дал иcказ во својство на cведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.

Од Синдикатот ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат работодавачите кои го пpeкршуваат Законот до Синдикатот или Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, а уште повеќе што, како што потенцираат, и од Владата велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This