April 19, 2024, 11:41 pm

ПОЧЕТОК НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, А ПМ10 ЧЕСТИЧКИТЕ ВЕЌЕ 10 ПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци со алармантни бројки уште на почетокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со десет пати над дозволената граница беа деновиве штетните ПМ 10 честички во Кавадарци, Гостивар, Тетово, Бутел и Центар.

Граѓаните се гушат уште на самиот почеток на грејната сезона. Досега најгласни поборници за чист воздух беа жителите на најзагадените општини Гази Баба и Аеродром, но тие подолг период се неинформирани бидејќи нема како да биде утврдена состојбата со загаденоста.

Револтирани се и граѓанските активисти, кои велат дека голем дел од барањата за справување со загаденоста што ги ветувале градоначалниците пред локалните изабори не биле ниту разгледани а камоли да ги спроведат на терен. Од О2 коалицијата реагираат дека е непопуларна мерка нефункционирањето на мерни станици.

-Ќе кажам дека е иронична мерка граѓаните да бидат неинформирани за загаденоста а тоа е да не работат мерните станици. Дел од нашите барања беа и интегрираните дозволи, односно надлежните да излезат на терен и да ги лоцираат големите загадувачи, како и да бидат исклучени од сообраќај возилата кои се под ЕУ стандардите – вели Драгана Велковска од О2 коалицијата.

Што работат на терен и како ќе го намалат загадувањето на воздухот став побаравме и од Министерството за животна средина, но не добивме одговор. Граѓанските организации покрај комуникацијата со надлежните за подобрување на состојбата, не ја исклучуваат и можноста за протест.

-Ние работиме и постојано сме активни, но ако треба и протест како мерка или притисок за нешто да биде преземено – вели Велковска.

И додека надлежните молчат, граѓаните се револтирани што неможат да отворат прозор за да влезе чист воздух. Покрај возрасните гласни се и децата на кои загаденоста им ја скратува детската игра.

И граѓаните и невладините организации се надеваат дека надлежните ќе почнат да работат на терен и Скопје повеќе да не биде најзагаден град во Европа. Во меѓувреме, и лекарите алармираат загадениот воздух може да предизвика сериозни компликации и кај децата и кај возрасните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This