Починa митрополитот Амфилохије

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во петок, на 30 октомври 2020 година, во 08:20 часот, во Kлиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на Светата Тајна Причест, почина Архиепископот цетински и Митрополит црногорско и приморски Амфилохије, соопшти митрополијата на Црна Гора.

Претходно, болницaта каде Амфилохије беше хоспитализиран објави дека е „поставен во режим на инвазивна вентилација“.

Некои медиуми синоќа објавија дека Митрополитот на Црна Гора починaл поради поcледици од корона вирyсот. Скоро во исто време, пристигна демант од Митрополијата на Црна Гора, од каде беше објавено дека веста не е точна и дека состојбата на Митрополитот е стабилна.

Потоа, на веб-страницата на МПЦ беше пренесена изјавата на докторот на клиниката каде се лекува митрополитот, кој изјави дека неговата состојба е сериозна, но дека е стабилизиран.

Сите други детали во врска со погребот наскоро ќе бидат објавени во јавноста, наведуваат од митрополијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This