ПО ЕКОНОМСКИ МЕРКИ СМЕ НА ДНОТО: Според истражување на Универзитетот Колумбија Македонија последна од 166 држави во помош за економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмногу пари во апсолутен износ за спас на економијата, издвоиле САД. Но, кога тоа ќе се мери во однос на големината на националната економија, прва на светот е Јапонија, а трета е Словенија.

Споредбената листа на 166 држави покажува дека Србија, според овој критериум е трета во регионот, а зад Словенија и Хрватска.

На дното на листата се Црна Гора и Македонија.

Ова се податоци, како што открива „Денешен“, до кои дошол истражувачкиот тим на Универзиетот Колумбија во Њујорк.

Анкетата за пакетите на помош за 166 држави заклучно со 24 мај оваа годинја, покажува дека САД издвоиле дури 2 700 милијарди долари што е околу 13 отсто од вкупниот БДП на земјата.

Јапонија издвоила 21,1 отсто од БДП и тоа ја носи на првото место во светот, а САД по овој критериум се на 10 место. На второ место е Луксембург со 20,7 отсто, трета е Словенија со 19,7 отсто, Белгија (18,3 отсто), Австрија 15,6 отсто, Финска 14,1 отсто, Иран 14 отсто, Шведска и Холандија имаат издвоено по 13,5 отсто од БДП, а Катар, Сингапур и САД се со издвоени 13 отсто од БДП.

Во регионот, како што рековме, Словенија е убедливо прва, Хрватска е на второ место со издвоени 9,3 отсто од БДП, како помош за економијата, а Србија издвоила 6,3 отсто од БДП.

Следат БиХ со 3,6 отсто, Албанија со 2,8 отсто и Косово со 2,5 отсто од БДП издвоени средства за помош на економијата.

На дното во регионот и светот се Црна Гора со 1,7 отсто и Македонија со пакет на помош од 1,2 отто од БДП што е 16 пати помалку од издвојувањата на Словенија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This