ПО НЕКОЛКУМЕСЕЧНИ ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ: Николас Мадуро задоволен од напредокот во преговорите со опозицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро смета дека е постигнат напредок во воспоставувањето дијалог со опозицијата на средбата што се одржа во оваа недела во Норвешка.

“По неколкумесечни тајни разговори со опозицијата, со цел да воспоставиме дијалогот, постигнавме многу позитивни резултати. Ние сме оптимисти затоа што веруваме во дијалог, хармонија и мир”, напиша Мадуро на неговиот официјален Твитер профил.

Во средата, норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека претставниците на владата на Венецуела и опозицијата кои пристигнаа во Осло на разговори околу можноста за отпочнување директни преговори, ја покажаа својата подготвеност да се придвижат кон изнаоѓање координирано и уставно решение за Боливариската Република.

Венецуелската опозиција, пак, рече дека средбата меѓу делегатите од владата на Венецуела и опозицијата не донесе никакви резултати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This