Домашни туристи кои уплатија аранжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада.
Според информациите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“.
Повеќе од 150 патниците беа зaглавени на аердоромот, а со оние со кои телефонски се разговараше беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите.
Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот.
„Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешkо на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу нeзавидна положба сме“, изјави еден патникот од Битола пред неколку часа.