April 24, 2024, 10:57 am

ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР: Изборниот законик, сепак, ќе се менува, но не и изборниот модел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека политичките партии во моментов водат неформални консултации за текстот за Изборниот законик.

-Во изминатиот период Министерството за правда ја предводеше работната група за имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик. Одржавме состаноци на кои беа присутни претставници на политички партии и на институции, кои имаат надлежности во изборниот процес како ДКСК, Државен завод за ревизија, Завод за статистика…, и ги слушнавме сите нивни забелешки и предлози за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР – рече министерката Дескоска .

Посочи дека она што било возможно да се прави без уставни измени го ставиле на хартија и направиле текст кој е циркулиран во рамки на работната група, а потоа повторно одржале состанок и последниот текст што го затвориле, како што рече Дескоска, е подготвен да оди во Собрание.

Министерката за правда додаде дека по него во моментов се водат неформални консултации меѓу политичките партии.

– Сметам дека е добро пред да се пушти било што од Собранието да имаме конечен фидбек од релевантните политички партии дека се согласуваат со тој законски текст со цел да имаме усогласен текст. Но тајмингот не зависи од нас, туку од нив и од она што ќе го добиеме како повратна информација -рече Дескоска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This