March 28, 2024, 12:21 pm

ПРВАТА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА “БОТНЕТ”: Таму сте единствен и најпопуларен корисник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали некогаш сте сакале да објавите нешто на социјалните мрежи само за да добиете коментари и лајкови, но не и за да започнете дискусија со друг корисник? „Ботнет“, симулација на социјална мрежа во која сте единствениот човек во море од роботи, може да биде добро место за вас.

Кога ќе ја преземете апликацијата, влегувате во измислен свет во кој сте најпопуларен корисник и единствен човек. Апликацијата е комбинација од три апликации: изгледот на „Фејсбук“, системот за коментирање на „Инстаграм“ и анархијата на „Твитер“.

Според нејзините креатори, кога објавувате нешто, сите коментари што ќе ги добиете се од роботи кои се научени да коментираат според илјадници „вистински разговори“. Може да купите робот за еден долар кој ќе ви коментира. Роботите може да користат и емотикони.

Целта на овие роботи е да се чувствувате дека комуницирате, но всушност вашите објави остануваат за вас како одредена форма на личен дневник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This