Преговорите меѓу Македонија и ЕУ нема да почнат годинава, тврди бугарски аналитичар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот новинар, аналитичар и добар познавач на Западен Балкан, Николај Крстев, е уверен дека Македонија нема да ги почне претпристапните преговори со Европската унија до крајот на годинава.

„Преговорите можеа да почнат во ноември, но тие не почнаа. Веројатно, мојата прогноза е дека до крајот на оваа година тешко дека ќе почнат. Мислам дека тврдоста што се забележува во бугарската политичка елита во моментов ми дава основа да сметам дека нештата поврзани со преговорите со Северна Македонија не можат да се случат толку брзо“, оценува Крстев во интервју за бугарската телевизија Блумберг.

„Проблемот е што не знаеме колку голем ќе биде следниот Парламент – дали со четири партии, шест, веројатно со седум. Не знаеме кој ќе ја земе функцијата на ‘Дондуков’, кој ќе биде претседател на Бугарија во ноември годинава. Така што, преостанува многу неизвесни да бидат одлуките до крајот на годината“, објаснува поранешниот дописник на Бугарското национално радио (БНР) од Москва и од Белград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This