ПРЕГОВОРИТЕ ОДАТ ТЕШКО: Беса сè подалеку од владата, Заев со мнозинство од само 62 пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во албанските кругови веќе се коментира дека Беса останала единствена да ја брани платформата. Доколку не влезе во владата, тоа за партијата би било предност на локалните избори.

Zaev-Besa

Вчерашниот конгрес на СДСМ не ги разреши дилемите околу тоа кога ќе биде формирана владата и каков ќе биде нејзиниот состав.

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, во својот говор не одговори до каде се преговорите за формирање на владата и кои партии ќе ја сочинуваат. Засега, покрај СДСМ, сигурни се ДУИ и „Алијансата за Албанците“, додека Беса сè уште размислува.

Причина за нерешителноста е ставот на двете партии на Албанците околу тиранската платформа. Во своите последни настапи партиите на Ахмети и Села воопшто и не ја споменуваат платформата, туку говорат за општи теми поврзани со евроатлантската интеграција.

Тоа не беше случај до пред неколку месеци кога овие партии говореа дека точките од платформата се „услов без кој не се може“.

Во албанските кругови веќе се коментира дека Беса останала единствена да ја брани платформата. Доколку не влезе во владата, тоа за партијата би било предност на локалните избори, ако се знае дека најголем дел од барањата содржани во платформата нема да можат да се реализираат бидејќи е потребно двотретинско мнозинство.

Во тој случај, ДУИ и „Алијансата за Албанците“ не би имале со што да излезат пред гласачите на изборите за градоначалници на кои се очекува Беса да освои најголем број општини.

И доколку Беса не влезе во владата, таа без никаков проблем би можела да биде избрана бидејќи ќе има 62 пратеници. Но, прашање е колку таквата влада, со само еден пратеник повеќе од потребниот минимум, би имала легитимитет да носи закони и да се повикува на парламентарно мнозинство, кое би било навистина тенко.

Дали Беса дефинитивно ќе биде дел од владата, ќе се знае по денешната средба помеѓу лидерите Зоран Заев и Билал Касами. Доколку преговорите завршат успешно, можно е Заев утре до Собранието да го достави предлогот со министри и по неколку дена тој да биде ставен на собраниска седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This