ПРЕГОВОРИТЕ СИ ТАПКААТ ВО МЕСТО: Никој не бара одново да се отворат преговорите – велат од грчката влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораката дека Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио 247, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите.

– Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една или во друга насока, тоа во никој случај не е отворање на преговорите во нов циклус. Напротив, ви реков дека она што го очекуваме во овој момент е решителен чекор од страна на раководството на ПЈРМ, вели Ѕанакопулос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролот на грчката влада и министер без ресор, објасни дека „преговорите на ниво на министри за надворешни работи резултираа со контурата на договорот“.

-Сега, она што ние го очекуваме е г. Заев да го направи решителниот чекор и да го прифати токму овој договор, нешто што мислам дека ќе биде и последниот потег што ќе доведе до завршување на преговорите, објасни Ѕанакопулос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This