Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со Македонија и со Албанија до крајот на годинава, објави Б92, повикувајќи се на Танјуг.

„Висок германски претставник при претставувањето на агендата на претседавањето до крајот на годината проширувањето и Западен Балкан ги спомна дури на инсистирање на медиумите.

‘Ќе направиме најдобро што можеме да напредуваме со проширувањето и да организираме меѓувладини конференции во текот на шесте месеци од германското претседателство’, наведува германскиот претставник.

Тој не можеше да ‘вети’ дека до крајот на годината ќе успеат да се организираат ни првите официјални конференции со Северна Македонија и со Албанија, кои сè уште чекаат на потврда на преговарачката рамка“, пишува Б92.

Приоритети на Германија додека е на кормилото на ЕУ ќе бидат борбата против пандемијата од коронавирус и последиците од неа, како и разговорите за Брегзит кои би требало да завршат со договор до крајот на годината.

„Проширувањето, пред кризата со Ковид-19 најавувано како ‘еден од приоритетите’, не се најде ни под ‘точка три’, во која официјален Берлин го вбројува договорот за миграциите, климатскиот закон и Конференцијата за иднината на Европа“, се вели во написот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This