Премиерот 3aeB го презентираше Интервентниот план за инвестиции (ИПИ 2021 – 2027): Peализираме проекти од највисок интерес на граѓаните, за забрзан развој на мakeдонската економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку јасна стратегија и амбициозен план за инвестиции може да ја постигнеме целта за забрзување на економскиот раст и подобар животен стандард за сите граѓани.
Владата во четврток навечер дискутираше и усвои еден план којшто навистина е сериозна намера работена долги месеци сѐ со конечна цел да ја искористиме секоја криза како можност и да ја пласираме нашата земја во предимство, односно на подобри позиции во позитивната конкуренција со целиот овој регион, истакна премиерот Зоран Заев.

Воедно тој посочи дека се работи за Интервентен план за инвестиции, ИПИ 2021-2027 година, на којшто јас, ресорните министрите, работевме буквално од 1 септември од формирање на Владата. Покрај здравствениот аспект на кризата, бевме фокусирани на навремено подготвување на огромен број проекти коишто треба да направат буст на македонската економија и излезот од КОВИД кризата да го искористиме на најдобар можен начин во прилог на севкупниот економски раст и на сите макроекономски проекции на Министерството за финансии, но како појдовна основа да го земеме Европскиот инвестиционен план, а имајќи ја предвид секторската стратегија на ЕУ и Националниот инвестициски комитет којшто ги разработи сите овие чекори, посочи Заев.

Она коешто е важно од 9 милијарди од ЕУ некаде ни следуваат околу 900 милиони до милијарда евра и се зависи од капацитетот на нашите проекти, но основата на инвестициски план тргна токму од Европската инвестициска програма којашто беше нешто коешто го охрабри целиот Западен Балкан во севкупниот recovery план на ЕУ, дел посветен и на Западен Балкан, меѓу кои и на С Македонија.

Сакам да се заблагодарам на сите економски министри и на сите институции што работеа на ова што сега ќе го претставиме, но и на сите останати ресори кои помагаа за да можеме да бидеме во една ваква фаза на презентација.

Сите овие проекти значат влез во финална фаза на правно разработување на самите проекти заради нивен старт, еден дел се веќе правно договорени и почнуваат со реализација, а еден дел се веќе реализираат како проекти. Значајно е тоа што еден дел од овие проекти доаѓаат од Собранието, еден дел ќе дојдат по пат на јавно-приватно партнерство, еден значаен дел ќе одат под концесии, друг дел пак, се стандарди постапки и процедури од страна на државата. Важно е да даде прилог овде и опозицијата, затоа што ова е нешто коешто е во интерес на сите граѓани, но најважна е секако поддршката на граѓаните, посочи 3аев.
Во продолжение обраќањето на премиерот Заев во целина за Интервентниот план за инвестиции (ИПИ 2021 – 2027):

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This