ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СИ СЕ ЛАДИ ВО МОРЕ: Мета се сонча на плажа додека трае гласањето на локалните избори во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Албанија, Илир Мета, постираше фотографија од себе на плажа каде се релаксира под сонцето, додека трае гласањето на локалните избори во оваа земја.

„Драги пријатели, заедно со мојот пријател уживаме во оваа историска и сончева недела и во музиката“, напиша Мета.

Инаку до 11:00 часот одѕивот на гласачите во Албанија е 12 отсто. На изборите учествува владејачката Социјалистичка партија на Албанија (ПС), предводена од премиерот Еди Рама, која ја води коалицијата наречена Алијанса за европска Албанија, заедно со некои нејзини сојузнички партии. Опозициски партии, Демократска партија (ПД) и партијата Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), ги бојкотираат локалните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This