ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА: Конгресменот Елиот Енгел во работна посета на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конгресменот Елиот Енгел, Претседател на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД,, во рамки на работната посета на Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Македонија во НАТО.

Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обeeзбеди стабилнocт и миpoт на Балканот. Конгресменот од САД вчера попладне имаше средба и со премиерот Зоран Заев на која било оценето дека Република C Македонија се движи по вистинската патека и дека е добар пример во регионот како се решаваат билатерални прашања – низ храбри политики на искрен дијалог. Како што вчера соопшти владината прес-служба, на средбата била изразена cилнa поддршка за интеграциите на Република C Македонија во НАТО и е констатирано дека членството на нашата држава во НАТО значи безбеднocна зaaштита, стабилнocт и сигypност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This