April 25, 2024, 11:31 am

ПРИВЕДЕНИ 11 ТАНЧАРКИ, ЕДНА ОД ГРЦИЈА: Во гостиварско Чегране, уапсени 11 танчерки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната рација на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово.

Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.

Шест од нив на возраст од 21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и една од Република Грција и заедно со сопственикот нa објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар, затекнати се четири албански државјанки на возраст од 22 до 39 години кои, исто така, се приведени и задржани за натамошна постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This