ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО ВО ВЕЛГОШТИ: Се превземаат понатамошни мерки за расветлување на случајот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охриѓанец е приведен како осомничен за убиството на жена во Велгошти. Охридската полиција информира дека тој е приведен синоќа во Струга, по што, во консултација со јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Вчера во 17 часот во полициската станица Охрид било добиено телефонско известување за казнено дело ,,убиство”. Жртвата е 47-годишната Б.П. чие тело е пронајдено во нејзината куќа на улицата „Илинденска” во охридското село Велгошти.

Безживотното тело на жената го пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. Според Јавното обвинителство, на телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на Јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги што ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Се трага по сторителот.

На местото на настанот, извршен е увид од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This