ПРИВЕДЕН СОВЕТНИК НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Шеќеринска расчистува со кадрите на Спасовски, шарените од улица на суд за поткуп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, советник на министерот Оливер Спасовски попладнево, околу 16 часот, е приведен под сомение за поткуп, неофицијално дознава Република од извор од МВР.


Како што дознавме се работи за лицето Драган Симоновски, инаку советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседател на дисциплински комисии во МВР. Истиот е приведен поради примен поткуп. Симоновски бил приведен околу 16 часот денес во ПС Кисела Вода.

Според информациите кои ги доби Инфомакс, делата за кои се терети се злоупотреба на службена положба и овластувања.

Лицето важи за човек од доверба на Спасовски, а освен претседател на дисциплински комисии бил член и на комисија за оружје, иако истиот важи за човек близок до скопското подземје.

Од информации во министерството, до приведувањето дошло како резултат на реваншизам помеѓу Спасовски и Радмила Шеќеринска, која има за цел да расчисти со кадрите на Оливер. Помеѓу останатото, Симоновски кој важи за лице блиско до скопското подземје, истиот бил вработен уште во времето на техничката влада.

Изворите за Инфомакс коментираат дека се работи за акција на Лазе Велковски, директорот на БЈБ кој важи за кадар близок до Радмила Шеќеринска која му „збрцала нож во грб“ на Оливер – коментира нашиот извор.

Инаку приведениот бил и активен учесник во т.н. шарена револуција и активен чинител во активностите на тогашната опозиција.

Останува отворено прашањето, ќе има ли правда за криминалите на функционери на СДСМ и активисти на шарената револуција или повторно Спасовски ќе ги спасува своите пулени?

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This