ПРИЗНА ДЕКА ГИ ПРИTИCKAЛ ПРАТЕНИЦИТЕ: И Заев бил воркохолик како Шилегов – до 2 ч. работел на Законот за Јавно обвинителствo…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов ѝ се претставија на јавноста како воркохолици, односно како луѓе што се отепуваат од работа.

„Синоќа работев до два сабајле. Разговарав со сите пратенички групи. Поприлично сме блиску. Останува да го видат целото законско решение и дали ќе се согласат. Апелирам до сите. Од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив, до последен момент. Имаме квалитетно законско решение за Јавното обвинителство“, им се пофали експремиерот на новинарите при посетата на Арачиново за увид во изградбата на канализацијата.

Шилегов, пак, за разлика од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и други високи функционери на Владата и на неговата партија, на прашањето од партискиот потпретседател Коста Петров во видеото подолу дали има време за 30 кратки прашања одговори: „Не, извини, имам многу работа“!

Posted by Петре Шилегов on Friday, February 7, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This