April 25, 2024, 11:19 am

ПРИМЕРОЦИ ИСПРАТЕНИ ВО ЕСТОНИЈА: Резултатите од запленетата пратка отпад на Богородица ќе бидат готови за седум до 10 дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Примероци од запрената пратка на Богородица се испратени на испитување во Истражен центар за животна средина во Република Естонија – соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Резултатите од овие испитувања се очекува да бидат готови за 7 до 10 дена.

Министерот за животна средина лично гарантира додека е министер нема да дозволи државата да се претвори во депонија и да се увезува штетен отпад

Доволно отпад имаме во земјава со кој треба да се справиме – вели Нуредини.
Директорот на царина тврди дека согласно сите проверки нема опасен отпад што влегол во државата. Секое испитување Царина го прави со надлежните инспекторати. Согласно стандардите на кој начин се доставува примерок, така се испратени и од сомнителните камиони примероци во Естонија.

Министерот пак на прашање зошто инсталациите не испраќаат дневни податоци колкава количина штетни гасови продуцираат согласно законот, тој вели дека за жал заостануваме со новиот закон за индустриски емисии и се надева дека за брзо ќе се заврши и ќе се имплементира.

Инспекторатот тврди дека инсталациите загадуваат согласно параметрите кои им се предвидени со дозволите. За време на препораките кога инсталациите со А интегрирана дозвола требаше да го намалат за 50 проценти производството, не откриваат дали извршиле контроли туку тврдат дека Цементарница УСЈЕ работела само со една печка бидејки втората била во реконструкција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This