April 19, 2024, 10:05 pm

Пронајден мpтoв новинарот кој беше пpeтeпaн на Парадата на гордоста во Грузија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и снимател Александар Лашкарава беше пронајден мртов денеска во неговиот дом, најверојатно како последица од физичкиот напад во понеделникот кога во главниот грузиски град требаше да се одржи Парада на гордоста, но маршот беше задушен од насилни анти-ЛГБТИ групи.

За смртта на Лашкарава извести Тв Пирели, телевизијата за која тој работеше. Лашкарава беше еден од неколкуте десетици новинари нападнати од противниците на најавениот ЛГБТИ марш, кој подоцна организаторите го откажаа со образложение дека властите не дале доволно безбедносни гаранции.
Противниците на маршот ја блокираа главната улица во Тбилиси, и ги обвинија новинарите кои известуваа од протестот дека вршат про-ЛГБТ пропаганда и фрлаа со стапови и шишиња кон нив. Според колешката на Лашкарава, Миранда Багатари, тој бил претепан од толпа од 20 лица.

Локалната телевизија подоцна го покажа со модринки и крв на лицето како лежи во бессознание, а подоцна медиумите објавија дека тој претрпел бројни физички повреди и морало да биде опериран, но дека во четвртокот бил пуштен на домашно лекување.

Засега не е позната точната причина за неговата смрт. Полицијата започна истрага, а премиерот и претседателот на Грузија рекоа дека ова е голема трагедија.

Голема група демонстранти кои се собраа денес во Тбилиси побараа од властите да ги осудат одговорните за нападот врз новинарите и го повикаа премиерот да си даде оставка. Некои демонстранти го обвинија премиерот за придонес во насилството со јавно осудување на ЛГБТИ маршот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This