ПРОРАБОТИ КОСОВСКАТА ВРСКА: На интернет се појавија нови прислушувани разговори, Шилегов ги правда косоварите – ВМРО-ДПМНЕ реагира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови снимки од прислушувани разговори се појавија на интернет, откако вчера iNFOMAX.mk  ја информираше јавноста за косовската врска помеѓу Заев и генералот задолжен за операции на Косовските безбедносни сили и екс-командант во УЧК Кадри Кастрати 
kadri_kastrati3
Зоран Заев употребувајќи ги врските на Закир Бекири – Чауш со косовските екс-терористи, стапил во контакт со лице од Косово кое во моментов служи како офицер во Косовските безбедносни сили како директор за операции, а во неговата биографија стои дека бил и екс-командант на УЧК.

kadri_kastrati2Имено, се работи за лице кое било заинтересирано за прислушуваните разговори кои ги добил Заев, а за возврат ветил поголема сума на пари со кои Заев требало да ја финансира предизборната кампања на СДСМ.

Според оперативните информации до кои дојдовме, генералот Кастрати за снимките нудел неколку стотици илијади евра на СДСМ кои требало да им бидат предадени преку Закир Бекири – Чауш. Оттука пак произлегува и поддршката која поранешните терористи од УЧК, а денес високи функционери во косовската држава му ја даваат на Заев и го уверуваат во нивна лична заложба во обезбедување на албанските гласови за СДСМ, а за возврат Заев ќе треба да воведе двојазичност во државата.

Откако ова беше откриено, снимки од незаконски прислушувани разговори се појавија на фан страна на Facebook. Оној кој ја уредува страната тврди дека станува збор за снимки на пратеничката Ермира Мехмети и екс вице премиерот Муса Џафери, како и останати високи функционери на ДУИ, меѓу кои, како што тврди оној што ги поставил и лидерот Али Ахмети. На страната може да се преслушуваат разговорите кои се на албански јазик. Покрај нив, објавени се и принт скринови за кои авторот тврди дека се од фолдерите во кои ги чува незаконски прислушуваните разговори.

snimki_kosovo

„Решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества.Таму мажот го има последниот звбор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – пишува Мехмети меѓу другото наFacebook.

Ден по објавувањето на тајната операција за продавање на нелегално прислушуваните разговори во Косово, до Заев пристигнале закани и притисоци поради разоткриената тајна шема во која се вклучени раководните структури на СДСМ. Настанатата паника резултираше со очајна прес конференција на Петре Шилегов кој се потруди да ги негира доказите, и вината да ја префрли врз ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ регираа на обвинувањата на СДСМ:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Полицијата кај Захир Бекири – Чауш пронајде 70 000 незаконски снимени телефонски разговори, сокриени во душек. Захир Бекири – Чауш кој во моментов одлежува затворска казна, е член на СДСМ, близок на аболицираниот криминалец Зоран Заев кому во секое време му се отворени вратите од неговиот кабинет. СДСМ како заслуга за криминалот на Захир Бекири ја вработи неговата сопруга во партиската фирма Паркинзи на општина Центар.

Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.

Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател и сопартиец Захир Бекири – Чауш ќе одговараат за криминалот што го сториле, а СДСМ на претстојните избори во декември ќе ја плати цената за лагите и манипулациите со кои Петре Шилегов се обидува да ја измами јавноста.

[/kopa_block_quote]

 

 

Повеќе за Косовската врска можете да прочитате ТУКА!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This