April 26, 2024, 10:18 am

ПРОТЕСТИ ПРЕД АМБАСАДАТА НА ТУРЦИЈА: Турското малцинство во Македонија протестираше против поддршката на Заев за весникот на ФЕТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Пред Амбасадата на Турција во Скопје денес се одржа протест во знак на реакција против доделувањето на финансиска поддршка од страна на Владата на Македонија во рамки на Програмата за поддршка на печатени медиуми за 2018 година, за весникот „Заман Македонија“ кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

На протестот беа присутни амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, министерот без ресор во Владата на Македонија, Елвин Хасан, претседателот на партијата за Движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, претседателот на Турска демократска партија (ТДП), Бејџан Илјас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ), Ердоган Сарач, претседателот на Обединетата партија за еманципација на Ромите (ОПЕР), Неждет Мустафа, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, како и претставници и вработени во турските институции во земјата како и и локалните институции и организации, но и голем број граѓани.

За време на протестот, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „ФЕТО тргни ги рацете од Македонија“ и „Не го поддржувај тероризмот“, а исто така извиквуаа и пароли во знак на поддршка на Турција.

Амбасадорката Кара, во свое обраќање на протестот, потсети дека на 15 јули 2016 година бил извршен крволочен обид за државен удар против турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган кој на оваа функција дојде со волјата на турскиот народ, демократијата, турската влада и уставот на оваа земја.

„Не прифаќаме и нема да прифатиме Владата на Македонија да обезбедува финансиска поддршка за организација, таканаречен весник, на терористичката организација ФЕТО која уби 251, а повреди над 2.000 наши граѓани“, рече Кара.

Таа нагласи дека јасниот став кој Турција го покажа досега во борбата против сите терористички организации, како ФЕТО, ПКК, ДХКП-Џ, и ДЕАШ, ќе продолжи се додека овие терористички организации не бидат целосно елиминирани.

„Да се игнорира финасирањето на оваа крволочна терористичка организација, е исто како да се игнорира случајот на бомбардирањето во Ѓолбаши врз специјалната полицајка, Демет Сезен, од Невшехир која почина и го остави само своето тригодишно дете. Да се игнорираат активностите на Заман кој е терористички билтен на ФЕТО е исто како да се игнорираат убијците на 17-годишниот Абдуллах Таип Олчок кој заедно со неговиот татко беше мета на снајперистите“, додаде Кара.

Кара истакна дека од осамостојувањето на Македонија, Турција со одлучност била до оваа земја во секој проблем со кој се соочувала, и дека сеуште го негуваат тоа верување дека исто така пријателската и братската земја Македонија ќе покаже иста одлучност за борбата на Турција против тероризмот.

Според амбасадорката Кара, Турците во Македонија изразуваат голема вознемиреност поради тоа што даноците кои тие ѝ ги плаќаат на државата, се користат за финансирање на медиумски орган на една терористичка организација.

„Оваа одлука треба во најкратко време да се откаже. Да видиме дека Македонија ја зема в предвид чувствителноста на нашите сонародници кои се конститутивен елемент на оваа земја, тоа ќе биде еден од доказите на Македонија дека ѝ дава поддршка на нашата земја во борбата против тероризмот“, рече Кара.

Кара информираше дека лично таа, како и партиските лидери во Македонија овие проблеми ги пренеле до надлежните, но според неа, досега сеуште ништо не е променето, и додаде:

„Ние пак велиме и ќе истакнеме дека, да се каже ‘не сме имале информации’, тоа ќе биде најголема навреда за нас. Ние веќе 2 години, дење и ноќе, зборуваме за оваа крволочна терористичка организација. Но, да се каже ‘Не го знаев тоа, а во наредните години ќе преземеме мерки’, сигурно дека нема да го елиминира ова прашање“.

„Повлечете ја поддршката за овој медиумски орган на предавничка терористичка организација“, порача Кара.

Запрашана во случај Владата на Македонија да не преземе мерки околу тоа, кои би биле чекорите кои би биле направени во нареден период, Кара одговори: „Ќе видите кога ќе дојде време. Повторно истакнуваме, за прашањето ‘Дали стоите до тероризмот, или не?’ ние сакаме веќе да добиеме остар одговор. Изгледајте така како што сте. Сигурно дека ќе ги видите нашите санкции. Во наредните денови може да се случи се“.

Потсетувајќи дека тука постојат Турци, Албанци, Бошњаци, Роми, како и други националности, Кара истакна дека на овие простори дошле да бидат во единство и да го зајакнат нивното пријателство.

„Упатувам апел до Република Македонија, ве молиме повлечете го чекорот кој го направите. Воспоставите емпатија. Замислете се себеси на наше место. Дали би ѝ се допаднало на Република Македонија во случај во име на поддржување на медиумите Турција да поддржува една терористичка организација која е непријател на Македонија?“, нагласи Кара.

Кара укажа на нејзината средба со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

„Вчера се случи нешто тажно. Министерот кој беше причина на тоа случување рече: ‘јас не знаев дека тој медиумски орган е припадник на една терористичка организација’. Веќе раскажуваме и да им раскажеме каде и да одиме. Како што гледам, некои покажуваат отпор за да не разбираат. Нам нема да ни биде здодевно, ќе раскажеме. Веќе две и пол години раскажуваме. Но тие сеуште инсистираат на тоа ‘ние не знаевме, не може, не видовме’ “, додаде таа.

Кара истана дека Турција секогаш ќе продолжи да стои до пријателската и братска земја Македонија, и упати апел за Македонија да стои до Турција во врска со ова прашање.

Потсетуваме, на прес-конференција одржана во понеделник, на 28 јануари, во Владата на Македонија, министерот Поповски го соопшти списокот на печатените медиуми кои добиле финансиска поддршка во рамките на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.

Во рамките на програмата учествувале 13 медиуми, а донесена е одлука за поддршка на 11 медиуми, меѓу кои е весникот „Заман Македонија”, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО. Овој весник доби материјална поддршка од 903.092 денари (околу 14.670 евра).

Во врска со оваа одлука на Владата на Македонија, реагираа Амбасадата на Турција во Скопје, како и турските политички партии и турските граѓански здруженија во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This