April 20, 2024, 11:43 am

ПРОФЕСОРКАТА ТРН ВО ОКО НА ВЛАСТА: Додека Каракамишева е член на Венецијанската комисија Законот за двојазичност нема да биде испратен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта одлучи – Законот за двојазичност нема да оди на оценка во Венецијанската Комисија додека таму е професорката по уставно право, Тања Каракамишева. Вицепремиерот Османи јавно ја посочи како пречка бидејќи влијаела на другите членови објективно да одлучуваат за одредбите на Законот, кој веќе стапи во сила без потпис на претседателот.

Се огласи и професорката Каракамишева. Во статус на социјалните мрежи му возвраќа на Османи, но и му објаснува – дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот.

-Бујар Османи денес на прес-конференција рекол дека законот за јазиците не го пратиле до сега во Венецијанската комисија само затоа што јас сум била таму член?! Човеков со ноќна мора од професор Каракамишева мора да знае дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот. Епа друже Бујар, знам каде ти лежи маката и болката. Паметните луѓе ги прашуваат паметните, секаде и секогаш! Така ќе биде и овојпат!, напиша професорката.

Велејќи дека досега сите закони владата ги испраќала до Венецијанската Комисија, Османи призна дека ја имаат прекршено целата постапка неиспраќајќи го Законот за јазици. Сепак вицепремиерот за европски прашања потврдува и дека двојазичноста ги обврзува институциите во определен рок да се прилагодат на законот. Доколку власта одлучи да се испрати законот на верификација ќе се испратат само одредбите кои се однесуваат на униформите и парите.

Досега професорската фела постојано алармираше дека Законот е целосно во спротивност со Уставот, а дополнително спорна е и целата процедура на негово носење. Сепак ваквата постапка на оценка на законите веќе е задоцнета, бидејќи Комисијата дава оценка на законските решенија пред истите да бидат изгласани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This