Проф. Трајковски со нajнoвa koвид aнaлиза: Уkинyвaњето на мepкитe ќe има cвоj yдeл вo пpeтcтojниoт кopoнa бpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа предупредува дека сите индикатори. прикажани и неприкажани, кажуваат јасно дека дневните броеви започнаа да искачуваат, односно епидемијата започна да забрзува.

-Секое подножје е благо, но како што ќе изминува времето, се повеќе ке се гледа угорницата. Ефективниот репродукциски број веќе е над единица со пристојна резерва, па дури и најавеното затоплување на времето малку веројатно дека ќе го намали. Најверојатно се работи за сезонски фактор, бидејќи есенскиот бран стратуваше во Европа, но и во светски рамки, но и влијанието на предизборната кампања не може сосема да се исклучи, вели тој. 

Трајковски даде и свој став за укинувањето на дел од ковид протоколите за угостителските објекти: 

-На нашата влада, пак, бројките не и се гледаа многу високи, па побрза да укини едно ограничување за кафеаните, што сигурно ќе има свој удел во претстојниот бран. Ги виделе неделните броеви кои изгледаа привидно намалени (привидно поради намаленото тестирање поради празникот 11 октомври), па побрзале да прогласат победа над епидемијата. Веќе никој не ги сфаќа сериозно, гледајќи какви непромислени чекори прават. Којзнае кој ли ги учи така или пак самите нешто импровизираат. Во секој случај, машинеријата е ставена во погон и повеќе ништо не може да ја сопре, барем не со вакво несериозно однесување какво што гледаме цело време…, пишува професорот. 

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This