Пaндoв зa Гоце Делчев – “Beчнa ти cлaвa Bojвoдo“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На одбележувањето по повод 118 години од смртта на Гоце Делчев, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, каде истакна дека оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец – “Вечна ти слава Војводо!.

Гоце Делчев (Кукуш, 4 Февруари 1872 – Баница, 4 Мај 1903). Апостолот Гоце Делчев е срцето и душата на Македонската ревулуционерна организација, нејзин идеолог, водач и организатор.

Денес како членови на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ ,,Гоце Делчев“, во 12 часот ќе бидеме во црквата Свети Спас да се поклониме и да му одадаеме почит на нашиот патрон, великанот Гоце Делчев.

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание.

Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“„Македонија има свои и iнтереси и своја политика.

Тие им припаѓаат на сите Македонци.

Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“Вечна ти слава Војводо!

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This