Пaниka вo Вeлec…: Дeвeт yчeници и двajцa диpeктopи пoзитивни нa Koвид-19 – двa клaca зaвpшиja вo изoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет ученици во училиштата во Општина Велес се позитивни на ковид-19, тројца од основното образование и шест од средното. Позитивни се и двајца директори, еден од основно и еден од средно, еден наставник, еден педагог и еден психолог од основно училиште и една хигеничарка во градинките, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

„Осум ученици од основните училишта се во изолација и две паралелки од гимназијата. Во изолација се учениците кои што не се вакцинирани. Ако се земе во обѕир вкупниот број на ученици, оваа бројка не влијае на одвивањето на наставата“, кажа Коцевски.

Тој потенцираше дека ова е состојбата во Велешко заклучно со денес претпладне и се однесува од почетокот на наставата за оваа учебна година.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово кажа дека бројките досега покажуваат оти е навистина мал бројот на ученици кои се заболени.

Извор: sdk.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This