April 18, 2024, 10:11 pm

Пoглaвapот на yкpaинcкaтa цpквa кој твpдeше дека кopoнaвиpycот е Божја kaзнa за гej бpaкoвитe, зapaзeн е со Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на украинската православна црква, патријархот Филарет е позитивен на коронавирус. 91-годишниот лидер на украинската црква претходно пандемијата на коронавирусот ја нарече Божја казна за истополовите бракови.

Според соопштението на Украинската православна црква, патријархот Филарет е на болничко лекување и неговата здравствена состојба е стабилна.

„Посебно им е благодарен на сите кои покажуваат љубов и се молат за неговото здравје“, соопштија од црквата.

„Здравствената состојба на патријархот е стабилна, третманот продолжува. Ве повикуваме да продолжите да се молите за Неговата светост за семоќниот Бог да го излекува патријархот од болеста“, стои во соопштението.

Пред неколку месеци патријархот Филарет го привлече вниманието на украинската и светската јавност откако изјави дека корона-кризата е Божја казна поради истополовите бракови.

Украинската ЛГБТ организација “Insight” го тужеше лидерот на Украинската православна црква поради коментарите, тврдејќи дека неговите зборови би можеле дополнително да придонесат за омраза и дискриминација на ЛГБТ популацијата во Украина.

Сепак, од украинската црква на тужбата одговорија дека патријархот Филарет „како лидер на црквата и како човек има право да го каже својот поглед на кризата кој се темели на моралност“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This