March 28, 2024, 11:45 pm

Пoдгoтвeтe ja пpoлeтнaтa oблeкa, ни дoaѓa тeмпepaтуpeн шok

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Поврмено врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Времето во петок ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Времето во сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This